МАСИТ е респектабилна комора која е определена кон иднината и чест ми е што заедно со моите соработници денеска сум тука, нешто да научиме од луѓето практичари и уште сега при создавање на програмата да вградиме дел од нивните видувања, предлози и ставови, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во изјава за медиуми при денешната посета на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.
Претседателот Заев посочи дека СДСМ интензивно ја подготвува Програмата со која ќе настапи на претстојните избори.
– Во СДСМ интензивно работиме на креирање решенија кои ќе станат дел од официјалната предизборна програма за мандатот на новата Влада, за периодот 2020 – 2024 година. Преку инклузивните процеси веруваме дека во иднина ќе можеме да имаме поголем позитивен притисок како извршна власт, но и како политичари, да направиме посериозна имплементација на сите мерки. Програмата ја правиме со граѓаните, со комори, со организации, но од оваа Комора може да извлечеме многу поуки, заради тоа што дигиталната економија, зелените работни места, повисоките плати, се еден резултат кој се гледа преку сите членки на оваа Комора, посочи претседателот Заев
– Нашата држава е мозаик од можности од различности и овој наш мозик кој го имаме треба да биде преточен во програмските определби, затоа што сите сме активни чинители во општеството но главни имплементатори се извршните тела кои треба да креираат амбиент за напредок и развој. Верувам дека на тој начин ќе бидеме од поголема помош и на правните субјекти, но и на граѓаните кои ќе бидат мотивирани да останат овде и тука да создаваат работни места и верувам дека во тоа ќе успееме, додаде Заев.
Претседателот Заев упати благодарност до МАСИТ за можноста да се слушнат нивните ставови и потреби а решенијата да се бараат заеднички низ новата Програма на СДСМ.
Им заблагодарувам на МАСИТ за нивната што даваат можност на инклузивен начин да дадат свои сугестии и да не научат нас политичарите во тоа што е нивна експертиза и тоа да го вградиме во документи се со цел да имаме подобрување на условите за живот во државата, заклучи Заев.
Од страна на претседателката на УО на МАСИТ Анета Пешевa беше истакнато задоволство што видливоста на МАСИТ е зголемена во последниве години, што пак е резултат на минатиот труд, низа од успешни домашни и меѓународни проекти и најмногу поради прогресот на ИКТ индустријата. Според Пешева, ИКТ секторот игра важна улога за економскиот раст на државата и како таква треба и да се третира. Од страна на Пешева беа упатени пораки за реформи во даночната регулатива во полза на ИКТ компаниите, поддршка од државата на мисијата на МАСИТ за задржување на ИКТ кадрите и младите, како и поддршка на проекти за дигитална трансформација на бизнисите и целокупното општество.