Втор град во централна Кина денеска е затворен во обид на властите да се спречи ширењето на епидемија на коронавирусот што избувна во соседниот Вухан, соопштија денеска кинеските власти.
Жезничката станица во Хуангганг, каде има население од 7,5 милиони и е оддалечена 70 километри од Вухан, ќе прекине со работа се до нова наредба на властите. Oд полноќ сите возила ќе бидат проверувани, а баровите и кината ќе бидат затворени, соопштија градските власти.
Покрај откажувањето на летови и возови, властите затворија и кина, кафулиња и други јавни места.
Железничката станица во трет град во близина, Ежоу, каде има население над еден милион, исто така ќе се затвори од вечерва, иако не беа објавени други мерки.