Израелскиот претседател Рувен Ривлин на денешниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин повика на заедничка борба против антисемитизмот оценувајќи дека нема шанси да се постигне успех во тоа без учество на Русија.
– Чувствуваме длабока возбуда додека славиме 75-годишнина од ослободувањето на Аушвиц, истакна Ривлин.
Тој додаде дека на светската сцена постои заедничко разбирање дека не се дозволени какви било манифестации на антисемитизмот, ксенофобијата и фашизмот.
– Многу е важно да обезбедиме да се бориме против антисемитизмот заедно, посочи Ривлин, додавајќи оти таквата борба не може да се води доколку Русија не земе активно учество во неа.