– Стотина сириски милитанти извршија напади врз владини сили во неколку делови на сириската провинција Идлиб, при што се убиени околу 40 војници, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Милитантите зазедоа две населби во таа област, наведува Министерството, истакнувајќи дека сириските безбедносни сили биле принудени да напуштат некои од своите позиции.
Русија, која им помага на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, соопшти дека владините сили убиле околу 50, а повредени се најмалку 90 милитанти.
Официјално е соопштено дека се убиени 40 војници, додека 80 се повредени.
Нападите почнаа вчера, а борбите во некои делови се уште траат.
Идлиб е последна територија во земјата која е под контрола на бунтовниците, а стотина илјади луѓе во тоа подрачје избегаа во последните недели поради воздушните напади на руските и сириските сили.