Неколку дена по снимањето на новиот музички спот на популарниот бенд „Џонас Брадерс“, Џо Џонас и Софи Тарнер – кои настапуваат во спотот – споделија сладок бакнеж во Шерман Оукс, Калифорнија.
Парот, кој што во неделата имаа прво појавување на црвен тепих и јавно излегување во 2020 година на доделувањето на филмските награди, не можеа да издржат одвоени додека го чекаа својот ручек.
Ѕвездата на „Игра на тронови“ беше облечена во црн спортски комплет, носеше црни масивни очила за сонце што го покриваа поголемиот дел од лицето, а нејзиниот сопруг, црни фармерки, темна маица и тексас јакна.
И двајцата уживаа во сончевата светлина пред да го споделат моментот.
Минатиот викенд, актерката и пејачот – кои прв пат се венчаа на церемонија во Вегас во мај 2019, и втор пат еден месец подоцна во Франција – присуствуваа на доделувањето САГ награди (Screen Actors Guild Awards).
Додека ја придружуваше неговата сопруга, која беше номинирана за извонреден перформанс во драмска серија, Џо изгледаше традиционално во црн костум и машна пеперутка.
А сопругата на себе имаше розов Луј Витон фустан без нараменици со длабок шлиц и каиш на половината.