Основниот суд во Приштина казни мајка и нејзините две ќерки на две години условна затворска казна поради учество во активностите на терористичката Исламска држава, пренесува „Коссев“. Сите три се вратиле од Сирија на Косово лани во април со уште 29 жени и 74 деца. Шухрете Тафај и нејзините две ќерки Меке Тафај и Ваљдете Тафај Дачај од Сува Река, централно Косово, ја признале вината, но се појавиле на рочиштето за изрекување на казната.
-Судот при изрекувањето на лазната постаи во согласност со одредбитеза ублажување на казната зашто како олеснителна околност го зел признавањето на вината, нивното однесување пред и по извршените кривични дела и фактот дека ниедна претходно немала проблеми со законот, како и нивјата состојба, каењето и ветувањето дека никогаш во иднина нема да сторат кривични дела, посочил судијата.
Според нивните адвокати, овие жени биле принудени од своите сопрузи да заминат на боиштата во Сирија.
Јустина Фрокај од Косовскиот институт за правосудство, кој врши мониторинг врз работата на судовите, вели дека сите жени што биле предмет на судска обработка велат дека се покајале за она што го сториле. Таа додава и дека речиси сите пресуди притив тие жени што биле во Сирија се сведуваат на условни казни.
Шухрета со своите ќерки отишла во Сирија во 2014 година. Прво заминале ќерките, а потоа им се придружила и мајката со уште два сина, од кои едниот бил убиен, а другиот се вратил на Косово. Се смета дека во борбите во Сирија и во Ирак учествувале повеќе од 400 лица од Косово, а повеќе од 100 од нив биле убиени. Во април 2019 година, Косово врати 110 свои граѓани од Сирија, меѓу кои има 34 жени, 74 децеа и четворица поранешни милитанти.