СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.С.(55) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во 2014, на узурпирани земјоделски катастарски парцели на подрачје на с.Пепелиште, неготинско, го потпишал известувањето жетвениот процес да биде извршен во три дена 25, 26 и 27.06.2014, на површина од околу 35 хектари. После тоа, во ДОО ,,Агроинвест“ Прилеп биле складирани вкупно 29.510 кг. јачмен, по што при проверките е констатирано дека жетвата не е спроведена согласно законските регулативи, односно во евиденциите на инспекторатот не постоеле договори за жетва, договор за транспорт, договор за складирање и чување на јачмен, податоци за ожнеана површина и количина на ожнеаната жетва. Пријавениот, не вршејќи должен надзор, не ги евидентирал количините на јачмен и овозможил стекнување на противправна имотна корист за други, во износ од 700.000 денари, за која сума го оштетил Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство Скопје.