Палестинскиот претседател Махмуд Абас на денешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Рамалах изјави дека се надева оти Франција ќе ја признае палестинската држава, јави палестинската новинска агенција ВАФА.
– Сакаме европските држави кои веруваат во решението две држави и Франција да ја признаат државата Палестина долж границата од 1967 година со источен Ерусалим како главен град, посочи Абас.
Макрон во Рамалах пристигна синоќа со задоцнување од пет часа откако беше на состаноци со израелските претставници во Ерусалим.