За подобро составување на платформата, претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села заедно со генералниот секретар на АА Арбен Таравари, претседателот на МФАА Омер Ајдини, раководителот на Секторот за труд и социјална политика при Алијанса за Албанците Агрон Рустеми и Афердита Мислими Хамза се сретнаа со претставници на Движењето против хендикеп „Полио плус“ и невладината организација Westminster Foundation for Democracy.
Средбата се оцени како многу конструктивна, затоа што Алијанса за Албанците имаше можност од блиску да ги слушне барањата и проблемите со кои се соочуваат маргинализираните групи и прифати сугестии од експерти на оваа област за кои се верува дека ќе да донесат промени.
Некои од предлозите што ги добивме беа: регистрирање на лицата со посебни потреби (досега, тоа не е сторено), да се изврши контрола врз средствата наменети за лицата со посебни потреби за да се спречи злоупотреба, објекти и патишта што одговараат на нивните потреби и така натаму.
Алијанса за Албанците оценува дека маргинализираните групи се важен дел од општеството за кои мора да работиме напорно за да им обезбедиме еднакви услови и третман, така што со посветеност ја составуваме нашата програма, каде сите ќе се најдат себеси. За поширока соработка Алијанса за Албанците ќе реализира и други средби со други организации.
За да ја направиме нашата програма што е можно поблиску до реалните барања на граѓаните, добивме голем број предлози од самите граѓани, преку веб-страницата eardhmja.mk.