Претседателот на НДП Весел Мемеди и Генералниот секретар Сухејл Фазлиу во седиштето на НДП ги пречека на официјална средба високите претставници на ОБCЕ во Скопје, амбасадорот г. Клеменс Која и шефот на политичката канцеларија г. Јеф Биели. На оваа средба се дискутираше за политичката актуелност, предвремените парламентарни избори како и патот на земјата кон ЕУ.
Претседателот на НДП ги извести високите претставници на ОБCЕ дека НДП има дадено и ќе продолжи да дава сериозен придонес за најзначајните прашања за земјата, и поради тоа сите политички партии имаат задача за да помогнат и да бидат конструктивни за доброто на граѓаните и земјта. Мемеди побара од амбасадорот г. Која да заедно со релевантните меѓународни фактори, да побараат од политичките партии да се однесуваат коректно и да бидат искрени во организирање на фер и демократски избори кој се многу значајни за патот на Северна Македонија кон ЕУ, особено пред Самитот на ЕУ во Загреб.
Амбасадорот г. Која го осигура претседателот Мемеди дека ОБCЕ со посебно внимание ја следи ситуацијата во земјата, и дека сите политички партии во земјата треба да бидат одговорни и дадат придонес на организирање на фер и демократски избори кој се многу значајни за Северна Македонија.