Во Општина Лозово во тек се градежни активности за реконструкција и асфалтирање на улици и локални патишта. Со средства од Програмата за рурален развој во износ од 6.595.883,00 денари, ќе се реконструираат и асфалтираат осум улици во Општина Лозово од кои шест се во село Лозово, една во село Дорфулија и една во село Каратманово. По асфалтирањето на овие осум улици, жителите на територија на Општина Лозово, по 24 години од денот на формирање на Општина Лозово за првпат ќе имаат асфалтирани улици, изјави министерот за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Трајан Димковски.
Димковски денеска, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски, ги посети локациите кадешто оваа Општина ги реализира капиталните инвестиции преку мерките од Програмата за рурален развој.
– Исто така, со средства во износ од 18.578.789,00 денари од Програмата за рурален развој се реконструира и асфалтира локалниот пат кој ги поврзува двете соседни села с. Милино и с. Каратманово. Досега се релизирани околу 40 проценти од вкупниот проект за асфилтирање на овој пат, нагласи министерот.
Димковски посочи дека со мерките кои ги превзема министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развивање на овој регион, се создаваат услови за зголемување на земјоделските површини во регионот на Свети Николе. За таа цел во тек се два јавни огласи за издавање под закуп на држано земјоделско земјиште за овој регион.
– На двата јавни огласи досега се пристигнати 185 апликации за добивање под закуп на државно земјоделско земјиште со вкупна површина од околу 1700 хектари. Тоа значи дека Министерството во партнерски однос со земјоделците од овој регион, заедно ќе овозможат зголемување на обработливите површини за околу 1700 хектари, а со тоа ќе го зголемиме и земјоделското производство и позитивно ќе влијаеме на целокупниот развој во овој регион, наведе министерот.
Бабовски посочи дека преку трите проекти во овој дел од државата ќе се реализираат инвестиции во вкупна кофинансирана вредност од близу 27,4 милиони денари.
– Со овие средства за прв пат се асфалтира локалниот пат Милино – Каратманово и на овој начин повторно го враќаме во функција патот кој заради калта и дупките беше забаоравен и не се користеше. Преку овој локален пат, месното население добива нов, квалитетен и побрз пристап до Свети Николе и останатите градови. Исто така преку Програмата за рурален развој за прв пат ќе се асфалтираат неколку улици во Лозово, Дорфулија и Каратманово а партерно ќе се уреди и просторот околу црквата Св. Ѓорѓи во селото Гуземелци. Ова е инвестиција со којашто конечно ќе се поврзат трите Општини од Вардарски плански регион и тоа: Велес, Лозово и Св.Николе. Освен тоа, обезбедени се и средства за партерно уредување на просторот околу најстарата црква во Општина Лозово, Св. Ѓорѓија во село Ѓуземелци, која потекнува од 16 ти век, истакна тој.