Орце Камчев, кој е пријавувач и главен сведок во предметот „Рекет“, но и првоосомничен во истрагата „Империја“побарал изземање на обвинителката Лиле Стефанова.Стефанова е обвинител во истрагата против него.Камчев побарал изземање и на судијата на претходна постапка Весна Димишкова. Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска и претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев, кои им се претпоставени на Стефанова и на Димишкова, за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека барањето на Камчев го одбиле како неосновано. За време на сведочењето во „Рекет“, Камчев беше оставен да си даде одбрана и за истрагата што се води против него, а која ја почна Стефанова додека беше во Специјалното обвинителство. Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески пак ѝ ја довери на Стефанова да ја води, но сега во Обвинителството за организиран криминал кај Русковска.