Тој рече дека по деветгодишно сомнително функционирање и неисполнување на договорот за инвестиции и модернизирање на депонијата од страна на италијанскиот концесионер, Градот Скопје низ законита, легална и правна процедура, преку судските институции ја вратило Дрисла под свое владение.
„Заклучно со 2019-та година концесионерот имаше обврска да инвестира 70 милиони евра во реконструкција и обнова на депонијата, како и во зголемувањето на нејзиниот капацитет. Но, наместо тоа, ние граѓаните останавме со истите купишта ѓубре и во страв за своето здравје од несоодветното третирање на отпадот“, рече Лазаревски.
Вели дека договорот за концесија бил потпишан од градоначалникот на ВМРО ДПМНЕ, Коце Трајановски, предвидувал постројка за индустриски и медицински отпад, постројка на селекција на отпад, нова механизација и опрема за зголемување на продуктивноста, гасна централа и прочистителна станица за контрола на отпадните води. Италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ имала и обврска да изгради нова административна зграда и како крајна цел да произведува струја од ѓубрето. Но, ништо од ова не е направено, со што, само се потврдило какви инвеститори носел ВМРО ДПМНЕ во државата и како ја загрозувале животната средина и здравјето на луѓето.
„Прво избрале компанија во крајно сомнителен тендер, а потоа му дозволиле на концесионерот да ја води играта без да следат и да реагираат на фирмата од Италија која не исполувала ништо од договореното. Однесувањето на италијанските концесионери е идентично како она на партијата на Христијан Мицковски, само се обврзуваат, ветуваат и на крајот ништо не испорачуваат, а при тоа најголеми жртви се граѓаните и нивното здравје. Овој пример е потврда за нестручното и аматерско однесување на функционерите на ВМРО ДПМНЕ. Ваквото нивно незнаење ни однесе во неповрат девет години, период во кој Дрисла требаше да прерасне во современа и технолошки опремена депонија“, нагласи Лазаревски.
Тој е дециден дека прва обврска на Град Скопје е депонијата Дрисла да стане санитарна депонија со современа технологија за управување со отпад