– Екипата на Интер официјално објави дека го ангажирала крилниот напаѓач на Челзи, Виктор Мозес, до крајот на сезоната.
Тој ќе го носи дресот со број 11, а договорот вклучува опција за откупување.
Изминатава една година, Мозес настапуваше во Фенербахче, каде на сите турнири одигра 23 натпревари со 5 гола и 2 асистенции.
Ова ќе биде втора соработка помеѓу играчот и менторот Антонио Конте, кој го водеше Челзи помеѓу 2016 и 2018 година.
Трансферот дојде по неуспешниот договор за Леонардо Спинацола од Рома. Така, 29-годишниот играч ќе стане четвртиот Нигериец што го носи дресот на „нероазурите” по Нванко Кану, Тарибо Вест и Обафеми Мартинс.