– Германскиот напаѓач Лукас Подолски и официјално ќе ја продолжи кариерата во Анталијаспор. Тимот од јужна Турција на социјалните мрежи и официјално го објави привлекувањето на поранешниот фудбалер на Галатасарај.
Подолски се раздели со јапонски Висел Коби порано во јануари.
Анталијаспор имаше најголем интерес за 34-годишниот фудбалер со потекло од Полска, што ќе го направи еден од лидерите во тимот.
Договорот на Лукас Подолски е до крајот на оваа сезона.