Париз Хилтон ја покажа својата чивава и холографскиот „БМВ“

Парис Хилтон знае како треба да се однесувате пред камерите.

А токму тоа го стори кога излезе од популарниот фризерски салон во Беверли Хилс во средата, со своето ново кученце во рацете.

Супер-богатата медиумска личност и претприемач на себе имаше чипкан фустан во боја на лаванда, а  домашното милениче го носеше како моден додаток.

Таа чекореше како по импровизирана модна писта на улица а потоа влезе во својот нов холографски „БМВ“  (BMW i8 Roadster).

Наследничката на познатиот синџир хотели Хилтон, елегантна како и секогаш, носеше чанта во боја на лаванда во десната рака и розова торба за домашни миленичиња во левата рака.

Но, се чини дека највпечатлив и највреден моден додаток беше нејзиното ново кутре чивава, кое го држеше близу до градите.

 

Треба да знаете
Последни објави