Русија и Украина почнаа преговори за нова размена на затвореници, објави канцеларијата на украинскиот претседател Володомир Зеленски на својот канал на „Телеграм“ , пренесува ТАСС.
„Веќе почнавме разговори со Руската Федерација за размена на Украинците, вклучувајќи ги и Кримските Татари и други Украинци кои се во Русија“, рече Зеленски пред новинарите во Ерусалим.