Украина планира својата железница да ја отстапи на управување на германската „Дојче Бан”, изјави украинскиот премиер Алексеј Гончарук за време на „украинскиот појадок” во Давос.
– Да, сакаме Германија да управува со нашата железница во наредните 10 години, рече Гончарук.
Претходно, украинското Министерство за инфраструктура потпиша меморандум за разбирање со германскиот железнички превозник „Дојче Бан”.
Премиерот Гончарук тогаш рече дека станува збор за логично продолжување на планот за реструктуирање на украинските железници, што го најави претседателот Володимир Зеленски минатиот септември.
Гончарук истакна дека не станува збор за изнајмување или продажба на украинската железница.