Две лица загинаа во силна експлозија што одекнала во магацин на фабрика во Хјустон, а која се слушнала и на оддалеченост од неколку километри од местото на инцидентот, соопштија официјални лица.
Складиштето е целосно уништено, а оштетени се и околни згради и куќи.
Експлозијата се случила околу 4:30 часот по локално време.
Полицијата не верува дека експлозијата била намерно предизвикана, пренесува АП.
Некои сведоци рекле дека експлозијата била толку гласна што првично помислиле дека се работи за бомба.
По експлозијата избувнал пожар, поради што противпожарните екипи ги замолиле претставниците на медиумите да се повлечат.