– Европската унија е подготвена да разговара за натамошна поддршка на Турција окоу сириските бегалци, изјави денеска новиот известувач на Европскиот Парламент за Турција, Начо Санчез Амор, опишувајќи ја соработката во врска со тоа прашање како канал за нормализирање на заострените односи.
Турција се договори со ЕУ во 2016 година да прекине мигрантскиот бран во Европа кој дојде од Сирија поради граѓанската војна, а за возврат да добие финансиска поддршка за околу 3,6 милиони бегалцци кои се наоѓаат во Турција.
Договорот, според кој европскиот блок издвои шест милијарди евра до крајот на минатата година, значително го намали бројот на сириските бегалци кои пристигнуваат во европските земји.
Амор истакна дека договорот постигнал резултати, но сириската бегалска криза се уште трае и би можела да се влоши.