“Многумина велат дека сме го фатиле последниот воз за дигитализација. Но, не е тоа што е важно, важно е дали имаме желба и капацитети да управуваме со тој воз”, рече потпредседателот на СДСМ и основач на Пи Ворлд, Коста Петров на вечерашната програмска трибина “Агенда 20-24” посветена на дигитализацијата на којашто говорници се министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, претседателот на комисијата за информатичко општество на СДСМ, Методија Димовски и експертите Стефан Митевски, основач на “System for Enterprise” и Маријана Нешкова, проект менаџер на Sorix.
На трибината се разви и поширока дебата со многубројната публика која беше заинтересирана за новите концепти кои ќе бидат дел од „Агенда 20-24″ а преку истите граѓаните ќе може да добијат брзи и квалитетни услуги согласно светските трендови и стандарди.
Граѓаните мора да добијат дигитализација и конечно да се стави крај на чекањето пред шалтери. Сите лични документи граѓаните треба да ги имаат на својот мобилен телефон и личната карта, здравствената книшка, да заминат во историјата, заклучи Петров.