ВМРО-ДПМНЕ и како власт и како опозиција е против решавањето на проблемот со стечајците и го кочи и оспорува секој предлог за подобрување на нивната материјалната состојба.
Во текот на 11-годишниот режим, ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше и злоупотребуваше проблемите на стечајците, ги држеше на маргините и со нив манипулираше за партиски интереси и пред избори.
Опозицијата од белиот дворец повторно е против решавањето на проблемите и ја кочи секоја мерка која обезбедува зголемување на животниот стандард на граѓаните и повеќе пари во семејните буџети.
Факт е дека СДСМ за само 2,5 години го реши проблемот на 12.000 стечајци, кои добиваат месечен надоместок од околу 8.000 денари до пензионирање.
Со тоа СДСМ, како одговорна партија, која работи за доброто на сите граѓани, ја исправи долгогодишната неправда кон лицата кои, не по соја вина, останаа без работа и приход.
Благодарение токму на политиките на СДСМ тие повеќе не се маргинализирана група граѓани, туку активни учесници во опшеството.
Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!