Европскиот суд ќе реагира против обидите на Варшава да ги санкционира судиите кои ја критикуваат владата

 Европската комисија побара од Европскиот суд, највисоката судска инстанца во ЕУ, да преземе мерки против новиот полски закон овозможува полските судии да бидат санкционирани заради изречени критики против владата, пренесоа британските медиуми.

Полскиот Парламент, во кој доминира евроскептичната партија „Право и правда”, која од поодамна се спори со ЕУ во однос на владеењето на законот, вчера го усвои законот, според кој судиите во земјата кои ќе ги критикуваат владините реформи, може да бидат санкционирани или дури и сменети од своите позиции.
Треба да знаете
Последни објави