Малолетник е манијакот од Струмица кој нападна полицајци

На 23.01.2020 во 14.00 часот, по преземени мерки и активности, во Полициската станица Струмица од слобода бил лишен малолетник од село Просениково, информираше МВР.

Завчера во 21.10 часот во ПС Струмица, Д.М.(24) пријавила дека околу 18.45 часот во близина на спортската сала „Партизан“ во Струмица и се доближило едно лице и почнало да ја допира по телото, по што побегнало. Во 22.45 часот, полициски службеници на плоштадот во Струмица го препознале лицето и при обид да го лишат од слобода, тој физички нападнал еден од полициските службеници и побегнал.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави