Словенија вечерва (20.30 ч.) против Шпанија во Стокхолм ќе игра во полуфиналето на 14. Европско ракометно првенство за мажи. Актуелниот европски првак Шпанија е фаворит, но словенечката селекција е мотивирана да го повтори успехот од 2004 година и по вторпат да зигра во финалето.
-Шпанија играше одлично на шампионатот, но сигурен сум дека стручниот штаб ќе смисли план како да им се спротивставиме. Досега тие одлично си ја вршат работата, бевме припремени за секој противник. Словенија можеби не е фаворит, но на хартија немаме полош тим од Шпанија, истакна Борут Мачковшек, кој очекува поддршка од своите навивачи.