Мизрахи-Сандри: МТСП и УНХЦР и понатаму ќе градат релации на соработка и поддршка

Mинистерството за труд и социјална политика и Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата земја и понатаму ќе градат релации на соработка во областите во кои имаат допирни точки. Ова го констатираа министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Моника Сандри.

На средбата, позитивно беше оценета досегашната соработка на УНХЦР и МТСП и во таа насока се разговараше за тековните програми на Канцеларијата на УНХЦР во земјата и во светот, како и потребата за продлабочување на солидарноста на државите во решавањето на прашањата поврзани со бегалците и лицата без државјанство.

Мизрахи и Сандри заклучија дека постои потреба да продолжи соработката за зајакнување на соодветните системи. На овој начин тие би биле во согласност со меѓународните стандарди и визијата на Агендата за одржлив развој 2030, која го носи мотото „никој да не биде изоставен“.

Исто така, беа разменети мислења и за состојбата со бегалците и мигрантите во Регионот и пошироко.

Треба да знаете
Последни објави