Норвежанецот Ерлинд Халанд го постигна петтиот гол во вториот настап за Борусија, иако на теренот не мина повеќе од 70 минути.
Тој беше вистинска топ тема минатата седмица кога го имаше своето деби во Бундеслигата, бидјеќи на својот прв натпревар за Борусија Дортумд успеа да запише хет-трик откако доби шанса од клупата за резерви.
Оваа вечер, сензационалниот норвешки напаѓач одново не беше во стартната постава на тренерот Фавре против Келн. Но откако влезе во игра во 65-та минута, доволен му беше остатокот од мечот за одново да заблеска во полн сјај.
Тринаесет минути по влегувањето, Халанд се најде на вистинско место во вистинско време и погоди за 4:1, а во самата завршница на мечот, постигна и втор погодок со кој го постави конечни реузлтат на средбата.