Рашиди: Алијанса за Албанците се согласува со забелешките на Транспаренси Интернешнл

Изјава на Сурија Рашиди, пратеник на Собранието од Алијанса за Албанците

Драги претставници на медиумите, драги граѓани, вчера имавме можност да го видиме извештајот на Транспаренси Интернешнл за нивото на корупција, и за жал нашата земја има опаѓање заради неуспехот во борбата против криминалот и корупцијата.

За жал, нашата земја денес се рангира заедно со Монголија за ниското нивото на борба против корупцијата, граѓаните на Северна Македонија со толку голема поддршка за интеграцијата на земјата во ЕУ, не заслужуваат ваква влада.

Алијанса за Албанците постојано реагираше и ги повикувавме надлежните органи да реагираат, но нашите барања наидоа на глуви уши од страна на институциите, особено од обвинителството и истражните органи.

Наодите на Алијанса за Албанците се целосно во согласност со забелешките на Транспаренси Интернешнл, и тоа:

  1. Злоупотреба на државните ресурси за изборни цели.
  2. Конфликти на интереси.
  3. Силно политичко влијание врз институциите за надзор.
  4. Недоволна судска независност.
  5. Ограничена слобода на медиумите
  6. Заробување на државата и концентрирање на моќта во приватни раце

Сите овие проблеми и неуспеси на оваа „хибридна диктатура“ на Заев-Ахмети и минатиот режим Груевски-Ахмети остануваат предизвици за новата влада 2020-2024 година.

Ние, како Алијанса за Албанците, ги идентификувавме сите овие проблеми и во нашата изборна програма предвидовме конкретни мерки за нивно решавање, мерки за кои ќе бидете известени кога ќе ја објавиме изборната програма која е при крај.

 

 

Треба да знаете
Последни објави