Јанкуловски: Формирањето на синдикална организација на универзитетите не е спротивно со ниеден закон

Формирањето на синдикална организација на универзитетите не е спротивно со ниеден закон. Тоа го дозволува и член 220 од Законот за работни односи и неосновани се нападите врз нас ректорите, изјави денеска ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски.

-Кога станува збор за прашањето на јавен сектор, потпишувањето на синдикални колективни договори е секогаш меѓу основачот и синдикалната органзиација. Ние ректорите секогаш се трудиме да го подобриме квалитетот во високото образование, да ги подобриме условите за работа и стандарпт на вработените во универзитетите. Формирањето на синдикална организација на универзитетите секако дека не е контраиндицирано со ниеден закон. Тоа го дозволува и член 220 од Законот за работни односи. Неосновани се нападите врз нас ректорите затоа што законот тоа го дозволува да секој основач на јавна установа потпише договор со репрезентативна синдикална организација. Оваа шанса која ни е наведена за покачување на платите од 10 проценти сметаме дека не треба да се пропушти, особено кога се е во рамки на законската регулатива, рече ректорот Јанкуловски на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка со Агенцијата за национална безбедност.

Заради краткиот период,тој вели, на состанок на ректорите на јавните универзитети со ресорниот министер заеднички одлучиле со Министерството за образование и наука единствена точка на колективниот договор да биде покачувањето на платите, а потоа, додава, тој договор ќе се проширува со други точки, кои ќе бидат препуштени на автономното функционирање на таа синдикална организација.

-Ние ниту имаме намера, ниту вршиме притисок на некого, како ќе си одлучат тие така ќе работат. Меѓутоа можам да кажам дека ние како Универзитет за само еден ден и половина постигнавме реперезентативност што е за поздравување, рече Јанкуловски.

Запрашан зошто се инсистира на формирање нов синдикат, според него, очигледно дека постои некоја пречка помеѓу тоа договарање, а дали е во прашање репрезентативност на високото образование во СОНК, рече не може да каже, но штом добиле вакви напатствија ќе работат според нив.

Треба да знаете
Последни објави