Метеоролозите во Јужна Флорида во вторникот попладне објавија дека неверојатниот студ може да предизвика игуани да паѓаат од дрвјата, а потоа токму тоа и се случи.
„Ова сигурно не е обичен ден на Флорида. Ве предупредуваме, очекувајте ’дожд од игуани’!“, порачаа експертите.
И навистина, по оваа објава, тела на игуани лежеле расфрлани по земјата како да паднале од небо.
Всушност, во услови на постудено време игуаните едноставно престануваат да се движат. Тие стануваат неподвижни и поради тоа не можат добро да се држат на гранките.
Овие животни добиваат привремена парализа кога температурата ќе падне под 10 степени.
Биолозите им порачаа на жителите на Флорида да не се грижат затоа што игуаните ќе се разбудат веднаш штом ќе се стопли.