Фудбалерот на Барселона, кој се приклучи на тимот на Шалке 04 до крајот на сезоната пред неколку дена, Жан-Клер Тодибо се потсети на неговиот тренинг процес на „Камп Ноу”.
Според дефанзивецот, на тренинзите на Каталонците сите внимаваат во одбраната против големата sвезда Лионел Меси, за да не го повредат.
– Сите знаевме дека не можеме да си дозволиме (Лионел Меси) да се повреди. Сите го чуваат многу внимателно на тренинзите. Научив многу од Меси и дури имав неколку интервенции против него, но бев внимателен да не го повредам, изјави 20-годишниот француски дефанзивец.
Тодибо беше привлечен од Каталонците откако се сметаше дека е засилување за иднината. Сепак, за речиси година, тој доби шанса да настапи на само 5 натпревари за „блаугранас”.