Количеството на јаглерод диоксид во атмосферата оваа година ќе го означи еден од најголемите годишни порасти од почетокот на мерењето во 1958 година и поради австралиските пожари, покажало истражувањето на британската метеоролошка служба.
Се очекува дека концентрацијата на јаглерод диоксид ќе надмине 417 честички на честички на милион (ппм) во текот на мај, а годишниот просек би можел да се движи околу 414 ппм, што е речиси 3ппм над минатогодишниот просек.
Предизвикувачи на долгорочниот пораст на емисиите на ЦО2 во атмосферата се луѓето, а јаглеродниот диоксид е главен виновник за климатските промени.
Како дополнение на тоа, временските услови поврзани со промените на температурите на Тихиот океан влијаат на апсорбцијата на ЦО2 во екосистемите на копно.