Надлежните институции и служби ги преземаат сите потребни мерки по земјотресот кој ги погоди источните делови на Турција, изјави синоќа турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, пренесе Агенцијата Анадолија (AA).
„Министрите за урбанизам и животна средина, внатрешни работи и здравство се во подрачјето погодено од земјотресот. Сакам да се знае дека како претседател на државата внимателно ја следам ситуацијата и работата на терен. Сите институции, со АФАД и Црвената полумесечина на чело, се покрај нашиот народ“, порача Ердоган.
Вчера Турција ја погоди силен земјотрес од 6,9 степени според Рихтеровата скала, а според досегашните информации најмалку 20 лица го загубија животот, а над 900 се повредени.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри во провинцијата Елазиг, на околу 550 километри источно од главниот град Анкара