Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени и бил почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.
Според турската агенција за управување со вонредни состојби, 16 лица загинале во Елазиг, а уште четири во соседната провинција Малатија.
Повредените биле згрижени во болниците во регионот. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека спасувачите трагаат по 30 лица за кои се верува дека се под урнатините.
Епицентарот на земјотресот, кој предизвика материјална штета, е регистриран на длабочина од 10 километри во провинцијата Елазиг, на околу 550 километри источно од главниот град Анкара, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
„Ројтерс“ наведе дека земјотресот погодил оддалечена и релативно ретко населена област, па на турските власти ќе им треба уште некое време за да ја проценат точната штета што е предизвикана.