Во експлозија на камион кој пренесувал бензин до Лима загинаа 13 лица, соопшти денеска перуанското Министерство за здравство.
„Новиот број на жртви е 13 мртви“, изјави денеска портпаролката на Министерството, Моника Месан, додавајќи дека меѓу загинатите има и пет деца.
Експлозијата на цисртерната се случи во четвртокот во предградието на главниот град на Перу, каде што живеат околу 500.000 луѓе.Несреќата се случила наутро додека луѓето оделе на работа. Причината била истекување на една цевка од камионот.