Сојузните обвинители во Менхетен имаат докази дека братот на девојката на милијардерот Џеф Безос, нивните заеднички интимни пораки ги продал на таблоидот „Нешнал Енквајар“, пишува „Вол стрит Џурнал“.
Лорен Санчез, пораките кои ги разменувала со Безос во 2018 година му ги испратила на нејзиниот брат Мајкл, а тој одлучил да извлече пари за нив, пишува весникот чии новинари ги виделе тие пораки, како и докази за уплата од 200.000 долари на сметката на Мајкл од страна на „Нешнал Енквајар“, врз основа на договор кој го потпишале 2018 година.
Обвинителите дошле до пораките, договорот и иплатата за време на истрагата на тужбите на Безос дека од „Нешнал Енквајар“ го уценувале, заканувајќи му се дека ќе ги објават неговите голи фотографии, како и дека му е хакиран мобилниот телефон.
Безос во еден момент ја обвини и Саудиска Арабија за целиот случај. Истражителите кои тој ги ангажирал тврдеа дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, на мобилниот телефон на шефот на „Амазон“ му испратил малициозен код со кој овозможил хакирање.
Саудиска Арабија ги демантираше обвинувањата. „Енквајар“ тврди дека Мајкл им бил изворот за приказната која ставила крај на бракот на Безос. Мајкл демантирал се.
Минатат година Безос најави дека се разведува од својата сопруга Мекензи, со која беа во брак 26 години.