Димитров до Николовски: Нема поголема дрскост кога овие од злосторничкото здружение клеветат за меѓународна изолација

Фејсбук статус на Никола Димитров, министер за надворешни работи:

“Нема поголема гротеска и дрскост кога овие од злосторничкото здружение клеветат за меѓународна изолација. Читам и не ми се верува“, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот Фејсбук профил. Тој реагира на коментарот на Александар Николовски дека годинава немало никој од власта во Давос, на Светскиот економски форум.

Напиша и излажа. На покана на претседателот на оваа организација Бренде, не само што учествував на Светскиот економски форум, туку како единствен МНР од нашиот регион бев и говорник на специјалната сесија за Балканот, заедно со премиерите на Хрватска, Бугарија, Словенија, претседателите на Србија и на Косово и МНР на Турција и на Шведска. Објавивме и официјално соопштение и фотографии.

https://www.facebook.com/dimitrovnikola/posts/10162947518965451

Треба да знаете
Последни објави