Членот на стручниот штаб на Норвешка, Кент-Хари Андерсон обвини дека Хрватска победила со нерегуларен гол во вчерашното полуфинале и еден од најдрамтичните натпревари во историјата на
Европските првенства.
По две продолженија Хрватска победи 29:28. Голот за пласман во
финалето го постигна Жељко Муса во последните секунди од второто продолжение.
Шведските медиуми денес објавија снимка од последната акција на натпреварот и тврдат дека голот на Муса не бил регуларен.
Во разговор за тиражниот шведски весник „Афтонбладет“,Андерсон рекол дека го анализирал натпреварот до длабоко во ноќта кога и го открил спорниот момент.
-Муса е влезен најмалку еден метар во голманскиот простор пред да ја добие топката, тоа
јасно се гледа. Не разбирам како судиите не го видоа тоа. Беа блиску јасно можеа да го
видат, рекол Андерсон.
На снимката се забележува како Муса влегува во голманскиот простор за да го заобиколи
Сагосен и со тој потег тој избори позиција. Во тој момент судиите гледаат кон топката која е
на центарот на игралиштето во рацете на Карачиќ. Во продолжение на акцијата Карачиќ му
асистира на Муса кој постигнува гол за победа и пласман во финалето.
Андерсон тврди дека судиите морале да ја прегледат видео-снимката и да го поништат
голот.
Zeljko Musa's third goal of the tournament – and the one which really counts!@HRStwitt 🇭🇷#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/ZxruhSscMU
— EHF EURO (@EHFEURO) January 24, 2020
Меѓутоа Норвежаните го пропуштиле рокот за жалба, веќе го одиграа мечот за третото
место, ја совладаа Словенија 28:20, а Хрватска утре ќе се бори за своето прво злато на
европските шампионати.
Фото: Jonathan NACKSTRAND / AFP