Седумдесетгодишна жена од Скопје пријавила дека вчера околу 10 часот во дворот од нејзината куќа на улицата „Тодор Чангов“ од непознат сторител била измамена за сума од 10.000 денари.
„Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако дошол во домот на оштетената и се претставил дека му бил кум на нејзиниот син и и побарал 10.000 денари затоа што наводно камионот му бил на заглавен на царина. Откако му ги дала парите тој го напуштил местото на настанот“, информираат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.