Двеиполгодишно дете спасено од под урнатините од земјотресот

Припадниците на спасувачките екипи 24 часа по разорниот земјотрес кој ја погоди турската источна област Елазиг, под урнатините спасија двеиполгодишно женско дете, јавува Агенција Анадолија (АА).

Спасувачките екипи во еден момент го слушнаа гласот кој доаѓаше од под урнатините на срушена зграда во квартот Мустафа Паша. Набргу воспоставиле контакт со женско лице кое им рекло дека со неа под урнатините се наоѓа и дете. Жената со плачлив глас барала помош, велејќи дека веќе не можат да издржат под урнатините.

Спасувачките екипи ископале тунел и успеаја да стигнат до местото каде што се наоѓаа и девојчето го извлекоа на безбедно место и ја пренела во болница. Спасувачите вложуваат максимални напори да ја спасат и нејзината мајка.

Турската дирекција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека бројот на загинати во земјотресот што го погоди градот Елазиг, во источна Турција, во петокот, се зголеми на 29.

По силниот земјотрес, 1.466 лица се обратиле на лекар за помош.

Треба да знаете
Последни објави