Спустот во Банско за Италијанката Куртони

Италијанската скијачка Елена Куртони триумфира на спуст трката што се возеше во Банско, Бугарија, во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. До првиот триумф во кариерата, таа стигна со време од 1:29,31 минути.

Заедно со неа на победничкиот пиедестал се искачија и сонародничките Марта Басино и Федерика Брињоне кои имаа втор, односно, трет резултат во бугарскиот зимски центар.
Пласман на четвртото место оствари Американката Михаела Шифрин која, и покрај тоа, останува лидер во генералниот пласман во Светскиот куп со 1.125 бода. Втора е Брињоне со 855 бода, а трета е Петра Влхова од Чешка со 790. с

Треба да знаете
Последни објави