Полицијата уапси двајца скопјани со дрога во Гази баба

Синоќа во 22,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода А.Б.(32) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 23,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода З.З.(46) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави