Репрезентацијата на Шпанија ја одбрани европската ракометна титула откако во финалната пресметка на Европскиот шампионат ја победи Хрватска со 22-20(12-11).
Завршните десет минути од дуелот и ја однесоа победата на „фуријата“. Во завршниот период двете селекции влегоа израмнети со по 18 гола, а Шпанците во овој нееефикасен дел беа поуспешни и дојдоа до триумфот. Трагичар на мечот беше Игор Карачиќ, кој на 21:20 на една минута пред крај направи чекори, па Душебаев го одлучи победникот.
Голманот Гонзало Перес Де Варгас комплетно го порврди статусот на најдобар чувар на мрежата на шампионатот и беше клучен со одбраните за успехот на Шпанија. Гомез со пет гола беше прв стрелец со пет гола кај Шпанците, Дувњак имаше исто така пет гола кај Хрватите.
Мечот за титула го судеа македонските арбитри Николов и Начевски и одлично си ја завршија работата. Шпанскиот стратег го одбрани европското злато со селекцијата и стана вториот тренер на кого му успеало такво нешто. Хрватите, пак, остануваат без единственото злато кое им фали од големите натпреварувања.