Министерството за внатрешни работи побарало од администраторите на мобилната апликација Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“, во која се споделуваа експлицитни фотографии и видеа на малолетнички.
Полицијата побарала идополнителни информации кои би биле од корист за истрагата, иако МВР вчера рече дека ги знае сите телефони на учесниците во групата, како и нејзиниот администратор.