Фрчкоска задоволна од сведочењето на Стефанова

Адвокатката на обвинетата Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, кажа дека се задоволни од денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова на судењето за „Рекет“, кое заврши со исфрлање на поранешната шефица на СЈО од судницата. Јанева ја навреди Стефанова со зборовите „ороспијо и гомнарке“, револтирана од сведочењето на колешката.

-Ние сме задоволни од исказот на Лиле, која практично потврди дека Јанева воопшто не ѝ се мешала, ниту ѝ сугерирала, ниту барала да не се работи предметот ’Империја‘, ниту барала да не се преземаат дејствија против КамчевГледаме дека заедно со Камчев биле пуштени од притвор уште пет лица. Од исказот може да се види дека Јанева на ниту еден начин не е поврзана со она што ѝ се става на товар во оваа постапка и со оние дејствија поради кои се води овој предмет, а тоа е да даде позитивно мислење поради некои коруптивни дејствија, кажа Фрчкоска.

За испадот на Јанева на крајот од сведочењето, кога ја навредуваше Стефанова и беше отстранета од судницата, Фрчкоска рече дека Јанева е револтирана поради сето она што ѝ се случува, поради работи кои се извртуваат и дека нивни впечаток е дека се кажуваат работи само за да послужат за целите на истрагата

Треба да знаете
Последни објави