Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на несреќата, бидејќи хеликоптерот се урнал во непристапен и опасен терен.
Во страотната несреќа синоќа загина НБА легендата Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка Џана Марија и уште седуммина во хеликоптерот кој се урна во Калифорнија. Идентитетот на сите загинати во несреќата официјално не е соопштен.
Дарил Озби, началник на противпожарната единица во округот Лос Анџелес, изјави дека местото на несреќата е тешко за пристап и дека пожарникарите морале да се искачуваат до местото на несреќата. Медиумите пишуваат дека не е познато колку патници било одобрено да се превезуваат во хеликоптерот и дека засега не е познато дали тој бил преоптоварен.