Легендарната НБА-ѕвезда Коби Брајант кој живото го загуба во хеликоптерска несреќа тргнал на пат да проследи кошаркарски натпреавр на кој требало да игра неговата ќерка. Во несреќата животот го загуби и неговата 13-годишна ќерка Џана, како и седум други лица.
Веста за смртта на кошаркарската ѕвезда Брајант (41г.) предизвика голема тага ширум светот. Пред „Сетјплс центарот“, домот на клубот Лос Анџелес Лејкерс, се собираат навивачи и оставаат цвеќе и пораки со кои се збогуваат од својот миленик.
Брајант својот последен НБА-натпревар го одгира во април 2016 година. Брајант играше активно 20 години, а кариерата ја заврши во Лос Анџелес Лејкерс. Постигна 33.643 кошеви, со што стана четврти најдобар стрелец на сите времиња во НБА лигата, а двапати беше и олимписки победник.