Скандалозно заврши сведочењето на поранешната обвинителка на СЈО, Лиле Стефанова откако нејзината поранешна шефица, Катица Јанева беше отстранета од судницата откако ја навреди со зборовите „Гомнарке и ороспијо една“, објави СДК.мк.
Инцидентот се случил кога Стефанова заврши со сведочењето и стана да си оди.
Судијата Васка Николовска Масевска почна да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета, но Јанева почна да вика„Ороспијо и гомнарке!“
На излегување, Јанева дојде кај новинарите, застана неколку секунди и рече:
„Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“, нервозна и пред плачење рече Јанева.