Томас Маркл: Меган и Хари ја повредија кралицата, се срамам поради тоа

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, изјави дека неговата ќерка и нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја повредиле кралицата Елизабета Втора, кога одеднаш решиле да ги напуштат кралските должности.

„Се срамам, жал ми е за кралицата“, изјави Маркл во утринското шоу „Добро утро Британијо“.

Тој додаде дека не разбира зошто Хари и Меган толку нагло решиле да ги напуштат кралските должности.

„Нивната одлука е многу збунувачка и не верувам дека некој може да разбере како и зошто се случи тоа. Ваков раздор може да предизвика уште поголеми проблеми“, рече Маркл.

Томас Маркл, кој не беше ниту на свадбата на Хари и Меган, рече дека тој и натаму ја сака својата ќерка и е разочаран што толку се оддалечиле.

„Навистина ми недостасува ќерка ми“, кажа тој.

Сепак, вели дека е подготвен да излезе на суд со својата ќерка во процесот во кој Меган го тужеше весникот „Мејл он сандеј“.

„Ако дојде до тоа да се сретнеме во судница, тоа би било супер, конечно ќе ги видам“, рече таткото кој додаде дека досега не го запознал ниту Хари, ниту неговиот внук.

Маркл исто така вели дека Хари требало да го посети и да ја побара раката на неговата ќерка.

На прашањето што би рекол ако има прилика за разгова со Хари, Томас Маркл одговори:

„Би му рекол, биди човек и слези долу (во Мексико) за да се запознаеме“.

Треба да знаете
Последни објави