Царовска во Аушвиц на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот

Ве известуваме дека заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, отпатува во Република Полска,  каде што денес попладне, како предводник на делегација на Република Северна Македонија, заедно со претставник на Еврејската заедница од нашата земја. ќе присуствува на „Одбележување на 75 годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау“. Инаку, 27 јануари со одлука на Генералното собрание на ООН е утврден како Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот.

На комеморацијата ќе присуствуваат голем број на членови на кралски семејства, претседатели, премиери, министри и други официјални лица од меѓународните организации и од држави од Европа и светот.

Официјалните активности поврзани со „Одбележувањето на 75 годишнината на ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау ќе започнат со обраќањето на претседателот на Република Полска, Н.Е. г. Анджеј Дуда, по што следува и главното обраќање од преживеани лица од Аушвиц.

 

Треба да знаете
Последни објави